More

    Скопјани се жалат на ладни радијатори

    spot_img

    Жители на скопските населби Центар и Аеродром се жалат дека останале без парно греење или централното греење во нивните домови е значително намалено, и покрај тоа што грејната сезона сѐ уште не е завршена и трае до 15 април.

    Засега нема информација од операторот на парно-греење во Скопје, компанијата „БЕГ“, дали во има некој поголем дефект во овие скопски населби, а исто така не е познато дали и во другите населени места каде што „БЕГ“ испорачува топлинска енергија исто така имаат студени радијатори во своите домови.

    Оваа година грејната сезона почна пред 15 октомври, кога согласно регулативата во одредени денови заради наглото заладување и просечни дневни температури пониски од 12 степени, РКЕ даде одобрение за испорака на топлина за да се обезбеди потребниот комфор на потрошувачите.

    Инаку за потсетување, поради проблемите со кои се соочи „БЕГ“, некаде на средината на јануари управувањето со компанија го презема Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img