More

    Синдикатите не прифаќаат работниците да работат во недела во туристичките центри

    spot_img

    Сојузот на синдикатите е незадоволен од последните измени на законот за трговија со кои се овозможува недела да биде работен ден за трговците во туристичките центри.

    Синдикатите потсетуваат дека и пред измените на Законот за трговски друштва газдите на трговски објекти и во туристичките центри можеле да работат.

    -Трговците можеа и до сега да работат но самите, но на министерот за економија  очигледно не му се допаѓа тоа, па сега работниците ќе им работат на трговците. Министерот за економија тргува со човечки судбини, па прашуваме дали на работниците им е потребен министер трговец како него – велат од ССМ.

    Оттаму забележуваат дека се потврдило нивното стравување кажано при донесувањето на законските измени со кои недела стана неработен ден за сите работници. Тогаш, како што велат,  барале прашањето да се регулира само со Законот за работни односи, но не и со Законот за трговски друштва.

    – Во тој случај му се дава можност на еден министер со потпис да одлучува за судбината на работниците, што по 6 месеци се покажа како точно, иако во тој период од министрите бевме убедувани дека тоа нема да биде случај. Министерот кој на 2 јануари се фалеше дека недела неработен ден е реалност, на 27 јуни се фали дека сите трговци во туристичките дестинации ќе работат во недела. Истовремено, потсетуваме дека овластен предлагач на Законот била пратеничката Жаклина Лазаревска, истата пратеничка која за амандманот на ССМ од говорница викаше дека на работниците лесно можеле да им дадат 2806 денари, ама не сакале да им дадат да не ги расипат од многу пари – велат од ССМ.

    Од синдикатот сметаат дека сега е време работниците да се запрашаат на кого го даваат својот глас на избори, ако знаат дека сите пратеници сложно се против работниците.

    – Работникот памти и ќе врати – додаваат од ССМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img