More

    Се појавија фотографии од последната кавга помеѓу Шакира и Пике

    spot_img

    Дванаесет години нивната врска изгледаше идилично, но парот очигледно добро го криел фактот дека се соочуваат со непремостливи проблеми.

    Колумбиската пејачка Шакира во последните месеци е во центарот на вниманието на светските медиуми поради раскинувањето со шпанскиот фудбалер Жерар Пике, за што не сакаше да се огласи во јавноста.

    Поранешниот пар даде заедничка изјава за медиумите во која нагласи дека се разделуваат и повеќе не се огласуваа во оваа прилика.

    – Жал ни е што потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш главен приоритет, ве молиме да ја почитувате нивната приватност. Ви благодариме за разбирањето – беше сè што имаа да кажат Шакира и Пике.

    Во медиумите се појавија гласини дека фудбалерот ја изневерил пејачката, дека ги фатила во кревет, дека неговите пријатели не ја поднесуваат… Шакира сето тоа го поднесе со насмевка и без коментар, но не ѝ  е лесно деновиве, особено затоа што шпанските власти ја „бркаат“ за затајување на повеќемилионски данок.

    Врската на Шакира и Пике отсекогаш делувала идилично, поради што веста за раскинувањето беше особено шокантна за нивните обожаватели, но сега се појавија фотографии кои докажуваат дека тие долго време имале проблеми.

    Парот, кој помина 12 години заедно, очигледно не секогаш живеел без проблеми, а сега на социјалните мрежи кружат фотографии од нивниот одмор на кои гледаме како доста бесно се расправаат.

    Според пишувањето на шпанските медиуми, ова била последната кавга на Шакира и Пике, а сето тоа се случило на јахта, пред очите на нивните синови Милан и Саша.

    Додека Пике седи меѓу нивните деца, Шакира стои и тие очигледно имаат жестока расправија, а таа го крева показалецот, додека на друга фотографија го гледаме фудбалерот кој ѝ го врти грбот и си заминува, додека Шакира продолжува да зборува.

    Во меѓувреме, се појавија и фотографиите од Пике и неговата нова девојка Клара Чиа Марти.

    ФОТО: Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img