More

    Сега знаеме дека таа навлегувала во нивните коски

    spot_img

    Металот жива, кој се поврзува со модерната цивилизација е пронајден на барем седум локации на кои живееле Маите, односно во тие локации почвата била прекумерно загадена, како таму да имало некаква индустрија или предмети од нашето време. За што ја користеле Маите живата останува мистерија, иако некои археолози сметаат дека ритуалното користење на цинабарот, црвен пигмент на жива им се наоѓало во нивните крвави ритуали, пишува НаученАларм.

    Но, тука приказната не завршува бидејќи пронајдените количини не зборуваат само за ритуално користење. Она што е интересно дека сега се смета дека загадувањето со жива влијаело на здравјето на Маите.

    Во својата чиста форма, живата е сјаен сив метал кој се топи на релативно ниска температура, претворајќи се во густа течност наречена живо сребро.

    Низ историјата, соединенијата што содржат жива имале различни намени во индустријата и културата. Меѓу попознатите е жива нитратот, супстанца која се користи за зацврстување на филц за производство на капи. За овој филц се смета дека практично ги труел нервните системи на занаетчиите од 19 век кои работеле со него.

    Можеби најкористената форма на жива низ вековите е кристалниот жива сулфид, минерал, исто така познат како цинабар. Од него се прави црвена боја за уметнички дела. Можеби Маите ова ги привлекло во нивните крвави ритуали.

    – За Маите, секој предмети содржи чулел, што значи „сила на душата“, која се наоѓа во крвта – вели геоархеологот Николас Данинг од Универзитетот во Синсинати.

    – Оттука, брилијантниот црвен пигмент на цинабарот (за нив) бил непроценлива и света супстанција, но без да знаат дека е и смртоносен. Неговото наследство опстојува во почвите и седиментите околу античките места на Маите.

    Но, варовничките темели на кои била изградена античката инфраструктура на Маите не обезбедуваат почва зрела за производство на цинабар. За да најдете добар извор на минералот, треба да патувате до самиот раб на светот на Маите.

    Всушност, науката вели дека цинабарот се ископувал во Централна Америка од вториот до првиот милениум пред нашата ера, време кога олмечката култура процветала.

    Во времето кога Маите подигале споменици на нивните богови низ целата земја околу третиот век од нашата ера, цинабарот веќе бил во вообичаена употреба, главно во форма на прав за да додаде боја на керамиката, па дури и на погребите.

    Во ретки прилики, била откриена жива во чиста форма. Тоа обично се врзува со ритуални кеси или елитни погреби.

    До кој степен ова прашинаа на жива сулфид влијаела на здравјето на Маите, исто така, сè уште не е сосема јасно, иако сè поголем број студии покажуваат дека токсичниот метал во најмала рака се пробивал длабоко во нивните коски.

    Еден од последните владетели на градот Тикал на Маите, кралот наречен Темно Сонце, бил особено дебел, што е потенцијална трага за метаболичко заболување најчесто предизвикано од труење со жива.

    Сега археолозите почнаа да се интересираат и за сопственото здравје, бидејќи копајќи живата ги загрозува и нивните коски. Според Тим Бич, геоархеолог од Универзитетот во Тексас, контаминацијата е неосмонено доказ за „човечката активност низ историјата“.

    Оттука, периодот во кој живееле Маите отсега ќе го нарекуваат „антропоцен на Маите“, Мајацен, како што денес живееме во нашиот „антропоцен“, во превод „векот на луѓето“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img