More

    Сакал да влезе во Македонија со австриско „БМВ“

    spot_img

    Српските цариници пронајдоа 73.000 евра во рачен фрижидер за плажа на патник кој се обидел да влезе во Македонија на граничниот премин Прешево-Табановце, пишуваат српски медиуми, наведувајќи дека било откриено откако царинаниците во соработка со полицијата на излез од државата за детален преглед издвоиле „БМВ“ со австриски регистарски таблички.

    Банкноти биле од по 100 и по 50 евра.

    „На вообичаеното прашање на цариникот, патникот одговори дека носи само личен багаж и дозволениот износ на готовина. При деталната контрола, меѓу другото, во багажникот на автомобилот бил пронајден и рачен фрижидер, кој наместо со храна, бил наполнет до врв со пари“, соопшти Царинската управа.

    Мал дел од непријавените пари биле пронајдени во преградата на чантата за лаптоп, која, истотака, била багажникот на автомобилот.Непријавените евра ги криел во фрижидерче за на плажа.

    „Патникот имал намера незаконски да префрли преку граница 73.100 евра, од кои веднаш му се вратени 10.000 евра, а за преостанатиот износ ќе одлучува надлежниот суд во прекршочната постапка“, соопшти Царинската управа на Србија.

    Во Србија е дозволено да се внесат и изнесат максимум 10.000 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img