More

    Руските сили ги „стопија“ тенковите што ѝ ги испрати Македонија на Украина

    spot_img

    Руската војска уништила цел баталјон на украинските сили опремен со македонски и словенечки тенкови.

    Станува збор за првиот механизиран баталјон на 28 бригада на украинската војска која дејствувала кај Криви Рог.

    РИА Новости објави на социјалните мрежи снимка од тенковите во пламен кои на украинската војска ѝ пристигнаа како воена помош од Македонија и од Словенија заедно со НАТО тенкови Т-72.

    Исто така, на снимката се гледаат и единици на самоодни хаубици МТЛБ и борбени извиднички возила БРДМ, исто така во пламен.

    „Словенија и Германија на тој начин ја поддржуваат Украина“, наведе тогаш германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт.

    Македонија исто така на крајот на јули ѝ донираше на Украина тенкови, но тогаш македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска одби да прецизира за колкав број станува збор.

    Медиумите потоа соопштија дека станува збор за тенкови од третата генерација, а со оглед на развојот на технологијата, тие борбени возила се сметаат за неконкурентни и некомпатибилни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img