More

    Руска државна компанија објави дека пред неколку дена близу Москва тестирала нова верзија на најнапредниот руски борбен авион Су-57

    spot_img

    Руската државна компанија „United Aircraft Corporation“ (UAC) објави дека пред неколку дена близу Москва тестирала нова верзија на најнапредниот руски борбен авион Су-57. Компанијата тври дека новите „интелигентни сензори“ дефакто биле копилот во авионот, додека пилотот извршувал други функции, пренесува Б92.

    Тестот наводно бил извршен на 21 октомври во близина на Москва, но Русите не прецизирале дали во новата верзија на авионот се користени и долгоочекуваните нови мотори „Изделиј 30“, кои би требало значително да ги подобрат перформансите на Сухој 57. Пилотот Рафаел Сулејманов ја имал честа да го „сефтоса“ авионот кој научил неколку гласовни команди.

    За потсетување, командантот на руските сили во Украина, генерал Сергеј Суровикин, пред девет дена изјави дека сериски произведените примероци на Су-57, од кои досега се произведени 6, покрај 10 прототипови, успешно извршуваат задачи како дел од специјална операција и дека дејствуваат на цели на земјата и во воздухот.

    Дури и меѓу руските медиуми се појавија приказни дека јато од новите Су-57 го собориле украинскиот Су-27, но за тоа нема докази. Накратко, сè уште не е сосема јасно дали авионите всушност прелетале над Украина или извршувале задачи надвор од украинскиот воздушен простор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img