More

    Русија остана без трки во формула 1 Итно е раскинат договорот

    spot_img

    Формула 1 веќе нема да организира трки на руска територија, откако раководството на натпреварувањето денеска официјално објави дека е раскинат договорот со организаторот на Големата награда (ГН) на Русија.

    Одржувањето на годинaшното издание на трката, планирано за септември во Сочи, веќе беше откажано минатата недела, по почетокот на руската инвазија на Украина.

    „Формула 1 може да потврди дека го раскина договорот со промоторот на ГН на Русија, што значи дека Русија во иднина веќе нема да има трки на Формула“, се наведува во соопштението на Ф1.

    Трката за ГН на Русија оваа есен требаше да биде последна на патеката во Сочи пред да биде преселена од 2023 година во Санкт Петерсбург.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img