More

    Русите сакаат за 48 часа да го изолираат градот

    spot_img

    Русите сакаат да го заземат градот Северодоњецк во следните 48 часа, вели Сергеј Гајдаи, управител на областа Луганск. Тие го уништиле вториот мост близу Лисичанск, а силно го гранатираат третиот кој, ако биде уништен, целосно ќе го изолира градот од остатокот на Украина, јавува Би-Би-Си.

    – Веќе е непроодно и во моментов тие активно го гранатираат последниот, трет мост. Како што разбрав, тие само сакаат целосно да го отсечат Северодонецк за да оневозможат евакуација на луѓето или да донесат засилување таму – рече тој во неделата.

    – Најверојатно, денес или утре, тие ќе ги фрлат сите свои резерви за да се обидат да го освојат градот. Или можеби во други области со цел да го отсечат и конечно да го контролираат патот Лисичанск-Бахмут – продолжува тој.

    Во меѓувреме, Амнести интернешенел ја обвинува Русија за воени злосторства во Украина, велејќи дека стотици цивили загинале во Харков во „напади со касетни бомби“. Невладината организација за човекови права вели дека пронашла „докази кои покажуваат дека во најмалку седум напади врз населби во вториот по големина град во Украина, руските сили користеле бомби од типот 9N210 и 9N235 и мини за фрагментација: две категории на оружје забранети со меѓународни договори“.

    Во своето традиционално видео обраќање доцна во ноќта, украинскиот претседател Зеленски рече дека Русија распоредува „слабо обучени регрути и оние собрани со тајна мобилизација“ во источниот регион Донбас.

    Според него, Русија распоредува резервни сили во Донбас за да го поддржи нејзиниот напад врз градот Северодонецк, „каде што се водат многу жестоки борби буквално за секој метар“, како и Лисичанск, Бахмут и други области.

    – Русија може да ја премине линијата од 40.000 изгубени војници веќе во јуни. Во ниту една друга војна во многу децении тие не изгубиле толку многу – рече тој, обвинувајќи ги руските генерали дека својот народ го гледаат како „топовско месо“.

    Тој уште еднаш ги повика светските лидери да ѝ обезбедат на Украина модерни системи за ракетна одбрана, наведувајќи ги жртвите од последниот ракетен напад врз западна Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img