More

    Русите ги рекетираат граѓаните во регионот Запорожје

    spot_img

    Руските војници бараат мито од украинските граѓани кои се обидуваат да побегнат од окупираниот југоисточен град Мелитопол, соопшти украинската воена администрација. Воената управа на областа Запорожје во порака на Телеграм напиша дека руските војници ги принудуваат цивилите да платат од 3.000 до 5.000 гривни, што е околу 100 до 170 долари, јавува Њузвик.

    „Русите се обидуваат да профитираат од вооружениот притисок врз цивилите во Мелитопол. Руските војници на контролните пунктови бараат жителите на Мелитопол кои се обидуваат да го напуштат градот да им платат меѓу 3.000 и 5.000 гривни“, напиша воената администрација на Телеграм.

    „Оние кои немаат пари се со судбина да останат заложници на терористите во услови на невработеност, недостиг и терор“, се додава.

    Русите патролираат во Мелитопол уште од 1 мај годинава. Според „Украинска правда“ во блискиот град Енерходар, руските војници спречиле илјадници автомобили да избегаат со тоа што им барале до 40.000 гривни, односно 1.360 долари за да ги пуштат.

    Регионот Запорожје во голема мера е под контрола на Русите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img