More

    Родителите на Мајли Сајрус се разведуваат (по трет пат)

    spot_img

    Тиш Сајрус, мајката на поп-ѕвездата Мајли Сајрус, по трет пат поднесе барање за развод од кантри-кантавторот Били Реј Сајрус, таткото на Мајли, со кој е во врска три децении.

    Во документите за развод поднесени во Тенеси на 6 април, 54-годишната Тиш Сајрус како причина за разводот ги наведува непремостливите разлики и фактот дека таа и нејзиниот сопруг не живеат заедно од февруари 2020 година.

    Како што открива порталот „ТМЗ“, продуцентката и актерка и менаџерка на нејзината позната ќерка Мајли Сајрус бара еднаква распределба на сите средства.

    Парот првпат се венча во 1993 година, во нивната дневна соба во Френклин, Тенеси. Заедно имаат три деца: веќе споменатата (и најпозната во јавноста) 29-годишната Мајли, 27-годишниот Брејсон и 22-годишниот Ноа, исто така пејач.

    Тиш има две возрасни деца од претходниот брак, 34-годишната актерка и диџеј Бренди и 33-годишниот син Трејс, рок-музичар. Били Реј Сајрус ги посвои и двајцата откако се ожени со Тиш.

    Двојката првпат се разведе во 2010 година, кога разводот го побара Били Реј, а тие испратија заедничко соопштение до јавноста во кое изјавија дека поминуваат низ тежок период кој го погодува целото нивно семејство и дека се обидуваат да решат некои лични работи.

    Една година подоцна, тие повторно најдоа заеднички јазик, но се разделија во 2013 година по втор пат, овој пат на барање на Тиш. Во мај 2017 година, двајцата повторно беа заедно и бракоразводната постапка беше одложена.

    Големото семејство Сајрус на почетокот живеело на голема фарма во близина на музичката мека во Нешвил, Тенеси, но се преселиле во Лос Анџелес за да ја снимаат детската серија Хана Монтана, со која Мајли станала позната како тинејџерка.

    Таа, исто така, ги исполни таблоидите поради нејзината долгорочна романса – која вклучуваше неколку разводи, свршувачка, потоа конечен брак и потоа развод – со австралиската филмска ѕвезда Лиам Хемсворт.

    Miley Cyrus, Liam Hemsworth
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img