More

    Регистрирани се 179 нови лица позитивни на ковид-19

    spot_img

    Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 09.09 до 11.09.2022) се регистрирани 179 новозаболени лица со ковид-19, како последница на вирусот пријавени се 6 починати лица, а пак како оздравени се водат 347 пациенти.

    Согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 1.286 тестови, а регистрирани се 179 нови случаи на ковид-19: Скопје – 94, Битола – 16, Куманово – 11, Прилеп, Кавадарци, Велес и Неготино – по 6, Штип и Делчево – по 5, Охрид и Кочани – по 4, Тетово и Берово – по 3, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Струмица, Ресен, Радовиш, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 1.

    Од вкупниот број на позитивни (179), регистрирани се 36 реинфекции.

    Регистрирани сe 347 оздравени пациенти од: Скопје – 215, Битола – 22, Кавадарци – 14, Велес – 11, Куманово и Тетово – по 10, Прилеп – 9, Охрид – 8, Берово, Гостивар и Гевгелија – по 6, Кичево и Свети Николе – по 5, Кочани и Струмица – по 4, Штип – 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка, Радовиш, Кратово, Струга и Демир Капија – по 1.

    Во текот на изминатите 3 дена (09.09 – 11.09.2022) пријавени се 2 починати лица, по едно лице од Скопје (79) и Валандово (86). Лицата се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, по едно починато лице од Скопје, Битола, Охрид и Крушево, на возраст од 71 – 89 години. Три лица се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Лицата се починати во период од 25.08. до 01.09.2022 година.

    Направени се 1.286 тестови преку: ИЈЗ-165, ЦЈЗ Скопје-70, ЦЈЗ Битола-39, ЦЈЗ Прилеп-3, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-36, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–34, Жан Митрев (Филип Втори)-22, Авицена-21, Биотек-35, Систина-72, лабораторија Лаор-8, Синлаб-18, Ремедика-0, Плодност-8, Генеа-13, Никоб Лаб-53, ВФВ Медикал-11, Ели Медика Плус-8, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 635.

    Досега во земјата се направени вкупно 2.158.164 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.583, бројот на оздравени пациенти е 331.213, на починати е 9.512, а бројот на активни случаи изнесува 858.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img