More

    Расте бројот и жалби и за он лајн купување

    spot_img

    Во изминатиот период до Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) пристигнеле 2.600 поплаки, жалби и прашања од потрошувачите. Најголем дел од потрошувачите се жалеле на неисполнетите законски права, декларациите, цената што е различна со онаа на каса.

    -Како најголем проблем и понатаму остануваат техничките апарати и уреди за домаќинството, а најмногу кај мобилните апарати и кај мебелот. По добивањето на жалбите заедно реагираме до трговецот, а потоа и до државните инспекторати или до други институции и регулатори кои имаат управна моќ да можат да ги заштитат нивните права. Ние како невладин сектор не можеме да ги штитиме на тој начин и не можеме да дадеме решение како да се постапи, но поттикнуваме и мониторираме на кој начин се штитат тие права од страна на инспекциските органи-  изјави претседателката на Организацијата на потрошувачите Марија Лончар Велкова пред почетокот на одбележувањето на 15 Март, Светскиот ден на правата на потрошувачите.

    Најголем дел од поплаките се однесуваат на мобилните телефони особено во делот на нивната поправка и кој е надлежен да го поправи телефонот, како и каде да се однесе на поправка.

    -Проблемот е со сервисерите кои обично ги криват граѓаните дека направиле некакво оштетување на телефонот. Многу поплаки има за мебелот. Кога нарачуваат мебел граѓаните треба да имаат договори. Обично плаќаат авансна уплата и потоа доколку сакаат да ја откажат нарачката тешко се раскинува договорот. Покрај тоа, добиваат оштетен мебел, друг вид на мебел, различна боја од нарачката,… Проблем има и кај другите апарати и уреди за домаќинство, додека во делот на храната и прехранбените производи немаме поплаки, бидејќи инспекторите добро си ја вршат работата, а има и отворена линија во Агенцијата за храна и ветеринарство и потрошувачите директно се јавуваат кај нив. Кај храната проблем е со читливоста на декларацијата, бидејќи луѓето не можат да прочитаат што пишува и кој се нутритивните својства на производот, а некои и не се на македонски јазик или не се целосно и точно преведени – рече Лончар Велковска.

    Во последниов период, како што кажа, голем дел од граѓаните се жалат околу новата состојба со која се соочуваме со замрзнатите цени и маржи.

    -Граѓаните се жалат и се јавуваат кај нас бидејќи не можат да знаат дали навистина ДДВ е 0. Се очекува промена на фискалните каси за да може на сметката што ја добиваат да го проверат тоа и да видат дали данокот е 0. Кај маржите, пак, не можат да контролираат и тука настапува Државниот пазарен инспекторат и се применува една од мерките предвидена во Законот за заштита на потрошувачите врз основа на нечесната пазарна пракса која и како директива е поместена во Законот за заштита на потрошувачи во Европската Унија, а се зборува и за измамното огласување или означувањето на цените – рече Лончар Велкова и нагласи дека ако веќе се донесува одлука за цени со ограничена маржа треба и да се почитува.

    Таа побара  да се предвидат уште некои мерки во делот на храната за доенчиња и одредени козметички производи.

    Во изминатава година дури 10 отсто од поплаките од потрошувачи кои пристигнале до Организацијата на потрошувачите на Македонија – ОПМ биле за онлајн продажбата.

    Најголем дел од поплаките, како што изјави Мартина Грнчаровска од ОПМ се за онлајн купување на облека и обувки особено од нелегални фејсбук страници, но во последно време и за онлајн купени технички апарати и бела техника за кои потрошувачите не добиваат гарантен лист и упатство за употреба. Проблем е што купувачите добиваат технички производи кои се некаква копија на оригиналот која воопшто не може да се употреби.

    Кај нас, рече таа, во подем е нелегалната фејсбук продажба преку која секојдневно потрошувачите купуваат и се измамени од онлајн трговци, бидејќи не добиваат сметки и фактури.

    -Апелираме потрошувачите да внимаваат од каде купуваат и кога плаќаат со картички или во кеш бидејќи покрај тоа што може да добијат оштетен производ или производ каков што не нарачале воедно може да им биде злоупотребена нивната картичка и да им бидат земени средствата или да им бидат злоупотребени личните податоци. Затоа порачуваме многу да се внимава кога се купува онлајн и да се пази дали се купува од регистрирани или нерегистрирани трговци – посочи Грнчаровска.

    Голем дел од потрошувачите од почетокот на годинава се жалеле и на високите сметки што ги добиваат за потрошена електрична енергија.

    -Имаше поплаки и за високите сметки на струја посебно по покачувањето на цената на електричната енергија. Дел од граѓаните сметаа дека премногу им е наплатено и дека не потрошиле колку што им е пресметано. Ги упативме до надлежните институции, да се обратат до ЕВН, да си ја прочитаат состојбата и да им кажат колку им е состојбата на нивниот мерен уред и доколку не успеат да го решат проблемот на тоа ниво да се обратат до Регулаторната комисија за енергетика и да реагираат таму за високите сметки – рече Татјана Тасевска.

    Светскиот ден на правата на потрошувачите се одбележува од 1985 година. Станува збор за Резолуција на Обединетите нации во која се воспоставени насоките за заштита на правата на потрошувачите. Осумте насоки за заштита на правата на потрошувачите се прифатени од Европската Унија и врз нивна основа насекаде во светот се развива потрошувачкото право и политики. Со тоа всушност се штитат потрошувачите со законски мерки и политики за заштита на потрошувачи, како и со други поблаги мерки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img