More

    Растат трошоците, градежништвото станува скап бизнис

    spot_img

    Бројот на работници во индустријата во април годинава во однос на април лани е намален за 1,9 проценти. Во периодот јануари – април година, пак, во однос на истиот период лани, има намалување од два проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

    Најголем пад на работници од 6 отсто има во секторот Нетрајни производи за широка потрошувачка, потоа 5,4 отсто пад е забележан во секторот Енергија, во рударството 3,1 отсто, во преработувачката индустрија, 1,8 отсто, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1,5 проценти.

    Пораст е забележан во производството на интермедијарните производи, капиталните и трајните производи.
    Кризата ги зголеми трошоците во повеќе индустрии. Тоа е особено видливо во градежништвото. Споредено со четвртото тримесечје лани, во првите три месеци годинава трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 7,5 проценти, за материјали за 10 проценти, а за вработените за 2,3 проценти, објави денеска Државниот завод за сттаистика.

    Ако бројките се споредат со оние од првите три месеци во 2021 година, тие се поголеми. Трошоците за индивидуално домување пораснале за 23, 8 проценти, за материјали за 29,3 проценти, а за вработените за 12,5 проценти.

    Градежните компании често ги користат информациите за индексите на трошоците во градежништвото кога склучуваат нови договори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img