More

    Раскинувањето на Шакира и Пике ги откри грдите детали од нивниот нарушен однос

    spot_img

    Раскинувањето на колумбиската пејачка Шакира и шпанскиот фудбалер Жерар Пике ги откри грдите детали од нивниот нарушен однос, а според шпанска „Марка“, пејачката сака одвоен простор од родителите на поранешниот партнер.

    Имено, куќата во која живеел парот е поврзана со соседните куќи наменети за родителите на Шакира и Пике, со кои делат заедничка патека. Пејачката, наводно, сака да ја отстрани патеката бидејќи верува дека не треба да споделува ништо со неговите родители бидејќи повеќе не се семејство.

    Куќите се наоѓаат во Барселона, а според новинарката Лаура Фе, Шакира сериозно размислува да го дели заедничкиот простор, а врската меѓу Шакира и родителите на Пике наводно е толку нарушена што таа размислува да подигне ѕидови меѓу куќите, но не било јасно што намера има да прави со заедничкиот базен.

    Да потсетиме, откако колумбиската пејачка наводно сакала да ја напушти Шпанија со децата, што Пике не го дозволил, поранешната двојка ги договорила деталите за привременото старателство на синовите Саша (7) и Милан (9), а Пике наводно веќе има нова девојка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img