More

    Ракометарите на Вардар славеа со 28:25 кај колидерот Монпелје во групата А од Лигата на шампионите

    spot_img

    Ракометарите на Вардар славеа со 28:25 кај колидерот Монпелје во групата А од Лигата на шампионите, прекинувајќи ја серијата од седум порази токму против тимот со кој ја почнаа.

    Првиот гостински триумф сезонава, со кој ја прекинаа низата од осум меча без пораз на поранешниот европски првак од Франција, ги врати „црвено-црните“ меѓу шесте екипи од групата што ќе продолжат во елиминациите.

    Свртувањето нов лист во елитното клупско натпреварување под водство на новиот тренер Давид Дејвис двократниот освојувач го најави со водство од 14:10 на полувреме, а предноста достигна максимални 21:13 и 22:14 по 40-тина минути игра.

    Голманот Мартин Томовски одново имаше своја вечер, запишувајќи 15 успешни интервенции, во нападот се издвои Оливие Њокас со пет гола, а капитенот Стојанче Стоилов погоди од сите четири обиди.

    Во наредното коло на 23 февруари во Скопје доаѓа должникот ППД Загреб, од кој вардарци загубија во последниот меч минатата година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img