More

    Путин: Ќе обезбедиме непречен извоз на житарки од Украина

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија е подготвена да овозможи непречен извоз на жито од украинските пристаништа во координација со Турција, се наведува во соопштението на Кремљ за разговорот на двајцата лидери.

    Русија и Украина заедно извезуваат 29 отсто од светското жито, најмногу преку Црното Море, како и 80 отсто од сончогледовото масло. Украина е исто така главен извозник на пченка.

    „Во разговорот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Путин повтори дека Русија би можела да извезува значителни количини ѓубрива и храна доколку бидат укинати санкциите против Москва“, наведува Кремљ.

    „За време на дискусијата за ситуацијата во Украина, акцентот беше ставен на обезбедување безбедна пловидба во Црното и Азовското Море и елиминирање на заканите од мини во тие води. Владимир Путин ја истакна подготвеноста на руската страна да овозможи непречен поморски транспорт на стоки во координација со турските партнери. Ова важи и за извозот на жита од украинските пристаништа“, ссоопшти Кремљ.

    Руската инвазија, која започна на 24 февруари, го наруши пазарот на жито. Годинава Москва очекува рекордна жетва што ќе се извезува од руските црноморски пристаништа, додека армијата на таа земја ги блокира украинските.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img