More

    Продолжи седницата на Генералното собрание на ОН за резолуцијата за Украина

    spot_img

    Во седиштето на ОН, нешто по 16 часот по средноевропско време, продолжи вонредната седница на Генералното собрание на ОН, на која треба да се гласа за резолуцијата за осуда на руската инвазија на Украина.

    Седницата почна во понеделник, а по завршувањето на расправата за која се пријавија вкупно 100 говорници, денеска треба да се гласа.

    За усвојување на резолуцијата потребно е двотретинско мнозинство, односно 129 гласа во 193-членото Генерално собрание на ОН.

    Вонредна седница на Генералното собрание на ОН за руската инвазија на Украина беше свикана по итна постапка, бидејќи Советот за безбедност на ОН во неделата усвои резолуција со која се бара тоа.

    Претходно Русија како постојана членка на Советот за безбедност на ОН стави вето и спречи усвојување на резолуција со која се осудува нејзината агресија врз Украина и се бара итно повлекување на силите.

    Нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН заеднички ја поднесоа 82 земји, меѓу кои сите земји од ЕУ, САД, Велика Британија и сите земји од регионот освен Србија.

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера по повод гласањето на резолуцијата во Генералното собрание на ОН рече; дека Србија му се придружува на Западот кога станува збор за уништување и нарушување на територијалниот интегритет на Украина, додека нема да се приклучи кога се во прашање санкциите против Русија.

    Вонредната седница на Генералното собрание на ОН е свикана според процедурата „Обединување за мир“, која овозможува итно свикување седница во ситуации кога Советот за безбедност на ОН е блокиран за некое прашање, како во овој случај, поради ветото на Русија. .

    Оваа постапка постои од 1950 година, а ова е 11-ти пат да се применува, а последен пат беше во 1982 година, во врска со Израел.

    Резолуциите на Генералното собрание на ОН не се обврзувачки, но се смета дека имаат политичка тежина бидејќи ја одразуваат позицијата на поширокото членство на светската организација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img