More

    Препорака од СЗО да се уништат патогените пронајдени во лабораториите

    spot_img

    Светската здравствена организација (СЗО) препорача Украина да ги уништи опасните патогени пронајдени во лабораториите за јавно здравје во земјата за да ја спречи можноста за нивно „бегство“ и ширење на болеста меѓу населението.

    Експертите за биобезбедност предупредуваат дека влегувањето на руските војници во Украина и бомбардирањето на градовите го зголемиле ризикот од бегство од патогени во случај на оштетување на некоја од тие лаборатории.

    Како и во многу други земји, лабораториите за јавно здравје истражуваат како да ја намалат заканата од опасните болести што ги погодуваат животните и луѓето, вклучително и ковид-19.

    Украинските лаборатории добиваат поддршка од САД, Европската Унија и СЗО.

    СЗО наведе дека соработувала со украинските лаборатории за јавно здравје неколку години за да обезбеди безбедносни практики кои помагаат да се спречат „несреќи или намерно ослободување на патогени“.

    – Како дел од својата работа, СЗО им препорача на украинското Министерство за здравство и другите одговорни тела да ги уништат опасните патогени и да ја спречат можноста за нивно ‘бегство’- одговори СЗО.

    Сепак, тие не кажаа кога е дадена препораката, ниту пак дадоа детали за видовите патогени или токсини пронајдени во украинските лаборатории.

    Агенцијата не одговори на прашањата дали се почитувани нивните препораки.
    Украинските власти во Киев и нивната амбасада во Вашингтон не одговорија на барањето за коментар.

    Можностите на украинските лаборатории се најдоа во центарот на засилената информативна војна откако руската војска влезе во Украина.

    Русија за денеска побара средба на Советот за безбедност на ОН за денеска поради, како што тврди Кремљ, развивањето биолошко оружје од страна на САД во Украина, соопшти Дмитриј Полиански, првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН.

    „Руската мисија побара состанок на (СБ на ОН) на 11 март за да се разговара за воените биолошки активности на САД на територијата на Украина“, напиша Полиански на Твитер.

    Засега нема потврда дека ќе се одржи итен состанок, јави ДПА..

    Руското Министерство за одбрана тврди дека има мрежа на био-лаборатории во Украина кои работат во име на американското Министерство за одбрана, тврдење кое долго време се отфрла како неточно.

    САД предупредија дека лажната „пропаганда“ од Москва дека Украина произведува оружје за масовно уништување може да биде изговор за Русија самата да го употреби, потсетува ДПА.

    – Русија ги изнесе овие нови лажни тврдења. Видовме дека Кина ја поддржува оваа пропаганда и затоа треба да внимаваме Русија евентуално да употреби хемиско или биолошко оружје во Украина или да изведе „операција под лажно знаме – изјави за ДПА заменик американскиот амбасадор во Обединетите нации Џефри Прескот.

    Прескот рече дека руската употреба на хемиско оружје, вклучително и обиди за атентат и труење на политичките непријатели на претседателот Владимир Путин во Русија и Велика Британија, се добро документирани. Тој исто така истакна дека Москва го поддржува „режимот на Башар ал Асад“ во Сирија, кој постојано користел хемиско оружје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img