More

    Предупредување за зголемениот ризик од глобална рецесија, инфлацијата останува постојан проблем по рускиот напад врз Украина

    spot_img

    Извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева и претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, предупредија за зголемениот ризик од глобална рецесија, при што инфлацијата останува постојан проблем по рускиот напад врз Украина.

    – Постои ризик и реална опасност од глобална рецесија следната година – предупреди Малпас на почетокот на Годишното собрание на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.

    Тој изјави дека економскиот развој ширум светот се соочува со криза, наведувајќи го во овој контекст забавувањето на растот во развиените економии и депрецијацијата на валутите во многу земји во развој.

    Шефицата на ММФ Георгиева рече дека ММФ гледа „значаен проблем“ во Кина, втората по големина економија во светот, каде што нестабилноста на пазарот на домување го намалува економскиот раст.

    Осврнувајќи се на порастот на потрошувачките цени во земјите низ светот, таа рече дека не можеме да дозволиме инфлацијата да се движи „како воз кој излегол од контрола“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img