More

    Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ му порача на Груби да не се однесува како пророк

    spot_img

    Ако можам да го споредам, и ако премногу добра би била споредбата Артан Груби е едно зајдисонце кое што е во неуспешен обид ова заоѓање да му трае што подолго. И оваа негова изјава е само во насока за негов личен спас, во насока да наштети на ВМРО-ДПМНЕ со тоа што го зема во прегратка пратениците на Левица за коишто тврди дека сигурно ќе гласале против уставните измени и во насока да ја покрие корупцијата во ДУИ чијшто тој лидер е еден од првите најкорумпирани, истакна денес Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи ги ставовите на Артан Груби.

    Стојаноска рече дека Артан Груби не може да се однесува како пророк, а ниту, пак, да говори за европски вредности.
    – Не може Артан Груби да се однесува како пророк да кажува што ќе се случува со нашите пратеници и со нашите коалициони партнери. Затоа што тука сѐ уште се едни двајца пратеници кои што во 2018 година не попуштија би рекла и на човечки и нечовечки притисоци коишто тогаш ги имале. Така што, ќе кажам дека граѓаните во Република Македонија во моментов на ваква криза најсензитивни се на зборот корупција. И лик како Артан Груби најкорумпиран во државата не може да се однесува ниту како пророк, а ниту да зборува за европски вредности – нагласи пратеничката.

    Инаку, првиот вицепремиер претходно изјави дека е сигурен оти уставните измени ќе се изгласаат и дека дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе попуштат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img