More

    Посилен земјотрес го стресе теренот во Албанија

    spot_img

    Посилен земјотрес ја потресе Албанија. Засега нема информации за жртви, но потресите се почувствувале и во други земји од регионот.

    Албанија беше погодена од земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала во неделата нешто пред 23 часот, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на 23 километри североисточно од Тирана. Засега нема информации за жртви, пишува бриселски Еурактив.

    Земјотресот најмногу го почувствувале жителите на албанската престолнина, а тресење на земјата било забележано и од Скопје, Сараево и Дубровник. Земјотресот е почувствуван во Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Грција, Хрватска и Косово.

    Тресењето траеше неколку секунди и беше доста силно, напишаа жителите на градовите кои го почувствуваа земјотресот на социјалната мрежа Твитер во моментот на објавувањето на EMSC.

    Земјотресот предизвика мали штети во регионот Клос, недалеку од епицентарот, изјави албанскиот министер за надворешни работи Нико Пелеши, пишува албанскиот весник „Кох“.

    Според Еурактив, земјотресот ги потсетил албанските жители на уште посилен земјотрес што ја стресе земјата во Албанија на 26 ноември 2019 година. Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,2 степени бил во близина на градот Драч, кој се наоѓа на 40 километри западно од Тирана. Тогаш загинаа 51 лице, а неколку илјади останаа без своите домови, додека многу згради се урнаа или беа тешко оштетени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img