More

    Парис Хилтон била малтретирана и злоставувана на училиште, детално ја опишала целата ситуација

    spot_img

    Богатата наследничка Парис Хилтон (41) долго време молчела за трауматичните настани од минатото. Со објавувањето на документарниот филм „Ова е Парис“, јавноста дозна како Хилтон била малтретирана и злоставувана на училиште, а таа сега детално ја опишала целата ситуација.

    Кога имала 16 години, Парис била испратена во поправен центар на училиштето Прово Кањон на 11 месеци, рекла таа. Тоа училиште имаше добра репутација сè додека не започна серија обвинувања дека вербално, физички и сексуално ги злоупотребуваат луѓето што го посетуваат училиштето.

    Хилтон проговорила за тоа како членовите на училишниот персонал насилно вршеле гинеколошки прегледи врз неа, како и врз други ученички. Парис додава дека овие прегледи не ги извршувале лекари туку наставници кои ги терале девојчињата да легнат на маса, да рашират нозе и со прсти им правеле „гинеколошки прегледи“.

    – Многу доцна навечер, околу три-четири часот, мене и другите девојки ме носеа во соба и ми правеа медицински, гинеколошки прегледи. Тие не беа ниту лекари, туку разни членови на персоналот. Не знам што ни направија, но знам дека сигурно не беа лекари. Беше многу страшно и нешто што успеав да го блокирам од моето сеќавање со години. Сега сето тоа ми се враќа и кога сега како возрасна размислувам, сфаќам дека тоа било сексуална злоупотреба – изјавила Парис за „Њујорк тајмс“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img