More

    Осумтемината внуци бдееја крај ковчегот на нивната баба, Кралицата Елизабета

    spot_img

    Осумтемина внуци на кралицата Елизабета Втора, меѓу нив и Вилијам, принцот од Велс и неговиот брат Хари, војводата од Сасекс, вечерва бдеат пред нејзиниот ковчег во Вестминстерската сала.

    На бдеењето присуствуваа и нејзините внуци Питер Филипс, Зара Тиндал, принцезите Беатрис и Јуџина, Лејди Луиз Виндзор и Џејмс, Виконт Северн.

    Нејзиниот најстар внук е Питер Филипс, кој има 44 години, а најмладиот е Џејмс, Виконт Северн, со 14 години.

    Молкум и со наведнати глави, осумтемина внуци стоеја на различни места околу ковчегот, додека толпата луѓе што ѝ оддаваат почит на кралицата, продолжија да минуваат.

    Принцот Вилијам стоеше на чело на ковчегот на кралицата, а принцот Хари на спротивната страна. Бдеењето на внуците траеше нешто помалку од 15 минути. Вчеравечер, децата на кралицата, меѓу нив и кралот Чарлс, учествуваа во слично бдение, кое траеше десетина минути.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img