More

    Основците од утре ќе дишат слободно, сертификатите не важат на терасите

    spot_img

    Владата го усвои записникот од Главниот координативен кризен штаб, кој претходно ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести, дадена пред речиси две недели, потврдија извори од Илинденска бр.2 за Плусинфо.

    Па така, учениците од основните училишта нема потреба повеќе да носат маски на часовите, затоа што повеќе тоа не е задолжително. Сепак, оние ученици кои сакаат, ќе можат наставата да ја следат со маски на лицето. Тоа значи дека почнувајќи од утре, учениците во основните училишта не е задолжително да носат маски, но оваа одлука не важи за учениците од средните училишта.

    За наставниците и останатите вработени во училиштата останува препораката за носење маски.
    Главниот координативен кризен штаб за справување со коронавирусот ја прифати и препораката за физичко присуство на наставата на факултетите.

    Владата ја измени одлуката за максимална исполнетост на капацитетите во затворен простор од досегашните 50% да се зголеми на 75% со задолжително носење заштитни маски и почитување на останатите протоколи за заштита од ковид-19.

    Тие прифатија и укинување на сертификатите на терасите од кафулињата, што значи дека од утре на невакцинираните лица нема да им се бара сертификат на отворено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img