More

    Османи: Молкот за францускиот предлог беше наша обврска

    spot_img

    Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, зборувајќи за молкот од Владата по протекувањето на францускиот предлог во јавноста, рече дека тоа било дел од државната стратегија, но и дека имало обиди за хибридни напади, со цел да се наруши таа стратегија.

    – За жал, имаше обиди за хибридни напади. Имаше луѓе од овде што се обидуваа, се јавуваа кај министри, кај политички партии, со лажни информации за да се обидат да ја нарушат оваа државна стратегија. Доколку се докаже дека тоа е дел од некоја поорганизирана шема за да се наруши државната позиција, тоа веќе покренува сосема друго прашање. Ние не можевме да контрираме поради обврската што ја имавме да не попречиме други процеси, да не влијаеме на ниеден начин на гласање доверба на владата во Бугарија и дозволивме да се изгради погрешна перцепција – рече министерот.

    Вметнувањето на протоколот во преговарачката рамка, додава Османи, го прави францускиот предлог неприфалтив за нашата страна.

    Тој посочува дека Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија секогаш биле во основниот документ, во параграфот 5.

    – Поради тоа што се создаде таква хистерија по однос на францускиот предлог, а генерално таму е едно прашање на коешто забележуваме и сметаме дека го прави неприфатлив за нас. Тоа е прашањето на вметнување на протоколот во преговарачката рамка, иако и во досегашните предлози и на Комисијата и во текот на германското и на португалското и асловенечкото претсеадтелство, секогаш, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство биле во основниот документ, во преговарачката рамка во параграфот 5 – рече Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img