More

    Општина Тетово должи 14,3 милиони евра, а Општина Гостивар 7,8 милиони евра

    spot_img

    Само за 3 месеци внатрешниот државен долг се зголеми за скоро 6,5 милиони евра. На крајот од третиот квартал од годинава доспеаните, а неплатени обврски на јавните претпријатија, министерства, здравство, образование, култура, општините, достигнаа 405.700.000 евра, пишува Порталб.

    Општина Тетово заклучно со септември пријавила доспеани, а неплатени обврски во износ од 14, 3 милиони евра, за три месеци долгот е зголемен за околу 240.000 евра. Оваа општина според висината на долгот котира на високото 4 место на новата должничка листа на Министерството за финансии. ЈКП Тетово пријавило доспеани а неплатени сметки во износ од 5,4 милиони евра. Долг од 378.000 евра пријавил и Државиот универзитет Тетово, но долгови имаат и основни средни училишта кои се во рамките на оваа општина.

    Општина Гостивар крајот од третиот квартал го завршува со долг од 7,8 мииони евра и оваа општина го зголемила долгот, само за три месеци за повеќе од 300,000 евра. Гостивар е рaнгирана на 9 место според износот на обврските. Долгот на ЈК Комуналец-Гостивар изнесува 3,3 милиони евра, ЈП за јавни паркиралишта има долг од 65.500 евра, а Општата болница има неплатени обврски во износ од 282.200 евра.  На должничката листа се наоѓаат и средни и основни училишта во оваа општина.

    Доспеаните а неплатени долгови на општина Кичево изнесуваат 1,5 милиони евра. На територијата на оваа општина се наоѓа една од најзадолежните здравствени установи – Општа болница Кичево е на 6 место на должничката листа со неплатени обврски во износ од 11,3 милиони евра. ЈП Комуналец има неплатени сметки во износ од 1,2 милиони  евра а долгови имаат и Здравствен дом Кичево, основни, средни училишта како и Правниот факултет во Кичево.

    Општина Струга на крајот од септември имала долг во износ од повеќе од 3 милиони евра, а со долг од над 3 милиони е и ЈП Водовод и канализација Струга. Општа болница Струга пријавила доспеани а неплатени обврски во износ од 2,5 мииони евра како и струшкиот Завод за нефрологија со должнички износ од 1,3 ммилиони евра. Уште едно јавно претпријатие од оваа општина има голем долг ЈП Комунално Струга има неплатени сметки во износ од 731.000 евра. На територијата на оваа општина освен основни и средни училишта, долгови имаат и затворот Струга, Манифестацијата “Струшки вечери на поезијата – Струга”, Основен суд – Струга, Јавно обвинителство -Струга.

    Општина Чаир на крајот од третиот квартал има долг повисок од 1 милион евра. На територијата на оваа општина од здравствените установи највисок износ на долг од 511.000 евра има Болницата за гинекологија – Чаир, а долгови имаат десетина основни и средни училишта што се на територија на оваа скопска општина.

    И општина Сарај со доспеани а неплатени обврски во износ од 1,7 милиони евра се наоѓа на новата должничка листа. На локално ниво долгови пријавиле и пет основни училишта како и средното училиште на Град Скопје – Сарај.

    На должничаката листа се наоѓаат и општина Арачиново со доспеани а неплатени обврски во износ од 835.000 евра, општина Дебар со долг од 1,1 милион евра, општина Боговиње со 416.000 евра а доспеани а неплатени сметки во износ од над 1 милион евра има општина Липково.

    Високо на нова листа должници се наоѓаат и други општини, па така во првите педесет најзадолжени се наоѓаат и општина Охрид со неплатени сметки во износ од 6,3 милиони евра, општина Делчево со износ од 3,1 милиони  евра, општина Прилеп има долг од 2 милиони евра и општина Врапчиште со должнички износ од 1,7 милиони евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img