More

    Од четвртокот до денес вкупно 41 вработен од фабриката Кромберг и Шуберт пријавиле дека се затруле со храна во двете фабрички мензи

    spot_img

    Од четвртокот до денес вкупно 41 вработен од фабриката Кромберг и Шуберт пријавиле дека се затруле со храна во двете фабрички мензи, поради што Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска ја затвори втората менза во фабриката, откако уште 11 вработени побарале лекраска помош со симптоми на труење.

    Затворањето на првата менза во фабриката се случи во четвртокот откако во ДЗСИ беше пријавено дека се затруле 30 вработени.

    Работниците кои се затруле со храна побарале помош во дневната амбуланта на Инфективното одделение во битолската општа болница, но ниту еден не бил хоспитализиран.

    Заедничко за сите затруени е што конзумирале иста салата.

    Не е исклучена можноста да има и други вработени со симптоми на труење со оглед на то што во двете мензи дневно се делат околу 5.000 оброци.

    Инспекторите зеле примероци и од работните површини во кујните, како и од оброците по што треба да се утврди причината за труењето на работниците во фабриката Кромберг и Шуберт во Битола.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img