More

    Ова е тајниот говор кој Кралицата ќе го прочита

    spot_img

    Кралицата Елизабета Втора има голем број подготвени говори за големи настани, а меѓу нив е и оној што ќе го одржи доколку дојде до трета светска војна.

    Оваа верзија на говорот е напишана во 1983 година, за време на Студената војна, а на јавноста стана достапна во 2013 година, кога ја објави Националниот архив на Велика Британија. Одредени делови од говорот се застарени, но се верува дека неговата суштина ќе се искористи доколку дојде до нов светски конфликт. Текстот на говорот кој го пренесе Би-Би-Си го пренесуваме во целост:

    „Никогаш не ја заборавив тагата што ја чувствував додека го слушав татко ми (Џорџ VI) како вели дека Втората светска војна започнала на тој кобен ден во 1939 година. Немав поим дека еден ден ќе морам да го кажам истото. Меѓутоа, какви лоши работи нѐ чекаат, сето она што ни помогна да ја зачуваме нашата слобода веќе двапати во текот на овој век, ќе ни помогне да преживееме повторно.

    Сите знаеме дека сега се соочуваме со поголеми опасности од кога било досега. Непријателот не е војник со пушка или авијатичар кој лета над нашите градови и села, туку ја злоупотребува технологијата, која има смртоносна моќ.

    Значи, мојата порака до вас е едноставна. Помогнете им на оние кои не можат да си помогнат, бидете утеха за осамените и бездомниците. Нека вашето семејство им даде надеж на оние на кои им треба. Додека заедно се бориме против злото, да се молиме за нашата земја и луѓето со добра волја, каде и да сме. Господ да ве благослови“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img