More

    Ова е причината за палавоста на синот на Кејт и Вилијам

    spot_img

    Мајк Тиндал, сопругот на Зара Филипс, внука на кралицата Елизабета Втора, откри зошто можеби најмладите членови на кралското семејство, особено најмладиот, принцот Луис, биле особено палави на платинестиот јубилеј на кралицата.

    Мајк Тиндал, кој е во брак од 2011 година со внукот на кралицата Зара Филипс, ќерка на принцезата Ана, беше гостин во подкастот „The Good, The Bad and The Rugby“ по викендот исполнет со церемонии по повод палатинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, најдолговечната владетелка на британскиот трон.

    Тој му раскажал на водителот Алекс Пејн за своето учество во настаните и секако за лудориите на најмладиот принц Луис на трибините додека ја гледаше спектакуларната поворка по улиците на Лондон која го обиколи светот и – ги воодушеви сите.

    Мајк, поранешен рагбист, седеше во редот веднаш зад малиот принц, најмладиот син на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, кој никако не можеше да се смири.

     

    Тиндал сега откри дека кралските деца всушност биле (пре) полни со енергија за време на платинестиот јубилеј затоа што претерале со слатките.

    „Луис само сакаше да се забавува. А моите две ќерки Миа и Лена се секогаш непослушни, па беше тешко да ги задржам. Таму имаше и многу слатки. Да, шеќерот ги „тресна““, се пошегувал спортистот.

     

    Принцот Луис несомнено беше најголемата ѕвезда за време на парадата, а неговите лудории ги забавуваа сите.

    „Луис е голем шегаџија и сака да се шегува, би рекол типично трето дете. Убаво е што светот го виде како ужива“, изјави Мајк.

    Во меѓувреме, Лена предизвика „мал шок“ кога им подели слатки на принцезата Шарлот и принцот Џорџ во низа пред неа, додека принцот Луис ја пружаше раката во исчекување.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img