More

    Нѐ чека тешка зима, но затоа потпишавме повеќе договори

    spot_img

    На виснкиот самит „Отворен Балкан“ во Белград ресорните министерства од Северна Македонија, Србија и Албанија денеска потпишаа договори и меморандуми за соработка. Првиот е договор за

    механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави. Потпишан е и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.

    Третиот договор е за заеднички филмски фонд со кој трите земји ќе ги копродуцираат домашните филмови.

    Нѐ чека тешка зима, но потпишавме договори

    Нѐ чека тешка зима, но затоа потпишавме повеќе договори, кои ни овозможуваат заедно да ја пребродиме и заедно да истапиме пред Европската Унија за помош, беше една од пораките на лидерите Александар Вучиќ, Димитар Ковачевски и Еди Рама  по потпишување.

    – Нас нѐ чека тешка зима, ако зборувам поинаку не би било фер и не би ја зборувал вистината. Ќе се обидеме како Западен Балкан да побараме делумно помош за купување енергија преку Европската унија, ако тоа ни успее, многу ќе ни помогне. Ако со Македонија имаме заедничка гасна конекција би си помагале едни со други. Но, тие немаат гас, а ние немаме капацитети. Која и одлука да ја донесеме за забрана на извоз на жито или други производи, никогаш нема да имаме просперитет. Затоа ни треба соработка, заедно да се носиме со последиците од кризата – изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

     8.000 камиони врват меѓу Македонија и Србија

    Вучиќ даде податок и дека во однос на минатата година во истиот период, помеѓу Македонија и Србија се зголемил бројот на камиони за 1.033, и денес имаме нешто повеќе од 8.000 камиони меѓу двете земји што сообраќаат и додаде дека е зголемена трговската размена со сите земји од 12,5 отсто на 29 отсто во зависност на која земја се смета и ова говори за големиот интерес на иницијативата ОБ.

    фото: МИА

    Имаме пари, но немаме од каде да купиме струја

    Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека вчера бил најдобриот ден, најголемиот ден за Отворен Балкан, но предупреди дека тоа „можеше да биде и типично лош ден за Балканот во целина“.

    – Во меѓувреме, Германија и Франција ги претставија програмите за рестрикции. Тоа се планови кои опфаќаат рестрикции на електрична енергија, по 22 часот навечер, гасење на излозите, уличното осветлување, како и за време на пандемијата, само да се заштеди електрична енергија. Разговаравме колку тоа ќе не чини, а да не го ставиме на грб на нашите граѓани. Затоа потпишавме спогодба денеска, која ќе треба да се спроведе. Да не ги чепкаме цените на струјата за домаќинствата и за малите потрошувачи – вели Рама и додава:

    – Ќе ја задржиме истата цена, на ниво од по војната, откако настана кризата. За тоа ќе бидат потребни стотици милиони евра, за да се покрие тоа. Прашање е колку време ќе трае оваа криза, можеби имате пари, но немате од каде да ја купите струјата. Затоа ни е потребна оваа соработка. Праќам повик до ЕУ, да не го повтори срамното однесување кон Западен Балкан, како во време на ковид-кризата, кои беа приморани да се свртат кон Кина, Русија, за лекови, медицински персонал, затоа што ЕУ беше затворена само за зебе и гледаше само за себе – подвлекува Рама.

    Заеднички филмски фонд „Отворен Балкан“

    Во рамките на Самитот „Отворен Балкан“ што денеска се одржува во Белград, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и ресорните министерки на Албанија и на Србија, Елва Маргарити и Маја Гојковиќ, потпишаа Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните активности во Западен Балкан.

    Костадиновска-Стојчевска посочи дека Меморандумот овозможува промоција на заедничкото кинематографско наследство.

    – Преку овој начин на соработка ќе добиеме размена на најдобрите практики и искуства, со што ќе се овозможи развој на филмската култура во Западен Балкан, зајакнување во областа на продукцијата и на промоцијата на филмот, унапредување на копродукциите, oрганизирање заеднички проекти и настани. Ќе биде формиран заеднички, копродукциски фонд ’Отворен Балкан‘ за филмските професионалци, а ќе се олесни и заедничкото аплицирање за други фондови, ќе се окрупни и засили дистрибуцијата и ќе се добијат голем број други поволности за усовршување на овој значаен сегмент од културата во регионот – додаде таа.

    По завршувањето на Самитот, ќе се одржи македонска вечер како дел од промотивните активности на македонските производи, вината, храната и националните богатства интересни за туристите, чиј домаќин е премиерот Димитар Ковачевски, а ќе присуствуваат претставници на бизнис-заедниците и на владите на Србија, Албанија и на Северна Македонија присутни на Саемот за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img