More

    Николовски од ВМРО-ДПМНЕ за енергетската криза

    spot_img

    Во моментов од три блока во РЕК „Битола“ работат само два, што значи дека сè  уште не е во полна функција, РЕК „Осломеј“ сè уште не е пуштен, што значи дека Македонија не произведува доволно електрична енергија колку што може да произведе. Доколку Македонија произведува електрична енергија колку што има капацитет, тогаш оваа економска криза ќе е далеку помала од ова што е сега – изјави вчера Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Само за слика да имаат граѓаните, вкупната потрошувачка на електрична енергија во Македонија и на домаќинствата и на стопанството 7,5 илјади гигават часови. Македонија со сите капацитети кои ги има пред сè мислам на РЕК Битола, РЕК Осломеј, хидроелектраните, соларните постројки, обновливите извори може да произведе 6,5 илјади гигават часови. Во моментов произведува некаде околу 3,5 илјади. Што значи, од она што може Македонија да произведува, произведува 40  проценти помалку. Тоа мора да се увезува. Во моментов цените на европските берзи се екстремно високи, одат до 600 и 700 евра по мегават час, а веројатно ќе одат и до 1000 евра, што го става стопанството во една крајно критична фаза – рече Николовски.

    Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека не ја разбира логиката на владата, која рече дека за граѓаните ќе има субвенционирана цена на електричната енергија, а додека компаниите ќе ги остави на слободен пазар, кога истите граѓани коишто ја користат оваа електрична енергија која беше за 50 отсто поскапа од лани треба да одат на работа, да сработат за да земат плата и да ги платат сметките.

    – Доколку компаниите во коишто работат плаќаат по пет, шест, па и седум пати повисока цена за електричната енергија од лани, тие ќе затворат, ќе стават клуч на врата, ќе нема кој да им даде плата на вработените, ќе нема како да ги платат сметките – рече Николовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img