More

    Неколкумина жители дошле во контакт со засега непозната супстанца

    spot_img

    Командантот на украинската единица што го брани пристанишниот град Мариупол денеска објави видео изјава, велејќи дека неколку луѓе биле погодени од „отровна супстанција од непознато потекло“, а во однос на извештаите за наводен руски хемиски напад.

    Денис Прокопенко, командант на баталјонот Азов, во изјавата рече дека не е можно целосно да се истражи местото на настанот поради руското гранатирање, јави Си-Ен-Ен.

    – Жртвите од ширењето на отровна материја од непознато потекло во градот Мариупол се во релативно задоволителна состојба – рече Прокопенко.

    – Контактот на цивилите со супстанцијата беше минимален, бидејќи епицентарот на (инцидентот) беше на одредено растојание од локацијата на цивилите. Војската беше малку поблиску – додаде тој.

    – Меѓутоа, во моментов е невозможно целосно да се истражи местото на настанот поради непријателскиот оган, бидејќи Русите продолжуваат да ја користат тактиката на прикривање на сопствените злосторства – вели првиот човек на „Азов“.

    Си-Ен-Ен потенцира дека не може од независни извори да потврди дека имало некаков хемиски напад или колку жртви биле погодени од таков инцидент.

    Објавата на Прокопенко на Телеграм покажува кратки интервјуа со војник и двајца цивили, вклучително и една постара жена, кои наводно биле погодени од супстанцијата, и интервју со две медицински лица.

    Неименуван воен анестезиолог рече дека главните симптоми на жртвите се следните: хиперемија на лицето, висок крвен притисок, сувост и воспаление во орофаринксот и мукозни мембрани на очите.

    Во изјава за националната телевизија, заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, рече дека властите сè уште го истражуваат инцидентот.

    – Од сега ги проверуваме овие информации – рече таа и додаде:

    – Се обидуваме да разбереме што е користено. Врз основа на прелиминарните податоци, постои претпоставка дека тоа би можело да биде фосфорна муниција. Но, официјалните информации ќе следат подоцна – појасни таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img