На 23-годишна возраст ненадејно во Загреб почина младата популарна тиктокерка Дијана Де Марко, родена во Пожега.
Беше многу успешна и популарна на социјалната мрежа ТикТок, а ја следеа повеќе од 120 илјади луѓе и секојдневно ги израдуваше со своите објави.
Учела во Католичката гимназија во Пожега, по што се преселила во Загреб.
Пријателите се збогуваат со неа на социјалните мрежи.