More

    Најави пониски цени на горивата од понеделник

    spot_img

    Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека од понеделник цените на нафетните деривати ќе се намалат.

    -Може да биде малку поскапо од Србија, од другите не верувам дека е поскап и дизелот. Денеска во Собрание најверојатно би требало да се усвои законот за ДДВ и законот за акцизи, а имајќи ги предвид и вчерашните цени на берзата и цената пред два дена, очекувам согласно анализите од утре, а многу е важно да се наведе дека веќе од понеделник ќе имаме не поевтини цени од регионот, но значително поевтини цени – рече Бектеши.

    Во врска со амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, министерот нагласи дека секој предлог би требало да се разгледува, но и дека треба да се образложи зошто нешто се предлага, какви би биле фискалните импликации и како тоа би можело да влијае.

    Тој и порача на опозициската партија дека сега не е време за политикантство и натпревар.

    – Сега ние нема да направиме натпревар кој ќе излезе на телевизија и ќе каже колку треба да биде намалувањето. Еве на пример, тие кажале 50 отсто, сега да излезат пратеници или партија која е дел на мнозинството да каже 100 отсто. Ова не е време за натпреварување. Ова не е време за политикантство. Ова е време за носење одржливи одлуки кои ќе бидат во интерес на потрошувачите, во интерес на граѓаните, со цел да влијаеме врз намалување на цените. Прво и основно, кога се откажуваме од акцизите и од ДДВ, ние не се откажуваме од Буџетот на државата. Тој буџет е буџет на граѓаните на Северна Македонија и тие пари кои треба да бидат во приходната страна на Буџетот кои се на граѓаните ние ги носиме кај граѓаните за да нема ценовни шокови за нив – рече Бектеши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img