More

    Научниците открија гени кои можат да предизвикаат синдром на заплеткана коса

    spot_img

    Дали имате проблем со заплеткување на косата? Научниците веруваат дека ги откриле гените кои предизвикуваат „синдром на заплеткана коса“.

    Овој проблем обично започнува кај деца на возраст од три месеци до 12 години. Косата е претежно брановидна, сува и кршлива, па понекогаш ја нарекуваат и стаклена коса, пишува CNN.

    Едно од најновите студии, во кое учествувале 11 деца со синдром на заплеткана коса, покажа дека причината се мутации на три гени кои ги кодираат протеините во фоликулите на косата.

    Потоа научниците го повториле истражувањето на сто деца. Тие потврдија дека кај 76 деца причината е поврзана со мутации во гените PADI3.

    Комбинациите на човечкиот изглед, вклучувајќи ја и косата, се резултат на многу мали варијации во гените. Кога ќе се појави мутација во генот, понекогаш има промена во функцијата на протеинот. Ако тој протеин е во фоликулот на косата, косата веројатно ќе изгледа поинаку.

    Синдромот на заплеткана коса е рецесивна генетска особина што значи дека и двајцата родители мора да бидат носители на мутираниот ген, иако тие самите можеби го немаат. Ако детето наследи по една копија од мутираниот ген од секој родител, тоа ќе го има синдромот, објаснуваат научниците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img