More

    Наслика жолта врз сина лента со четка

    spot_img

    Војвотката од Сасекс направи гаф викендов, откако беше фотографирана како со четка го слика украинското знаме наопаку, со жолтата лента врз сината, пишува Дејли Мејл. Меган Маркл(40) вчера им се придружи на семејствата на британските воени ветерани на игрите Invictus games, приватен настан кој се одржува во шатори во паркот Зуиде во Холандија.

    Грешката на Меган е особено потресна со оглед на тоа што во последните неколку месеци таа заедно со принцот Хари постојано даваа коментари за украинската криза.

    Минатиот месец, двојката објави дека донирала пари за добротворни организации за поддршка на народот на Украина.

    – Слава Украина! – извика војвотката на игрите.

    Таа врз лентите го напиша зборот „мир“.

     

    Меган потоа беше поканета на сцената да зборува. Таа рече дека сите „стојат со“ тимот на ветерани на Украина.

    – Добра вечер на сите. Многу сме благодарни на Холандија што нè пречека и што беше домаќин на игрите – отпоздрави војвотката.

    – За секој тим, мојот сопруг и јас признаваме дека е многу да се стигне до тука и физички и емотивно. Не помалку важно за тимот на Украина, со кој сите ние стоиме – додаде таа.

    Меган седела на подот во круг со 12 возбудени деца на семејствата. Настанот бил организиран од британската амбасада во Хаг. Токму на фотките објавени од амбасадата се откри дека украинското знаме е насликано наопаку.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img