More

    МТСП: Инспекцискиот надзор констатирал дека нема неправилности во постапувањето и работењето на ЈУ Заводот за рехабилитација за деца и младинци во Топанско поле, Скопје

    spot_img

    По објавените содржини на социјалните медиуми од страна на вработена во ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци- Скопје, а кои се однесуваат на неправилности во работењето на установата, како и несоодветна грижа за корисниците на социјални услуги, инспектори од Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштита на децата при Министерство за труд и социјална политика веднаш извршија вонреден инспекциски надзор во институцијата.

    По извршените разговори со директорот и вработените во Заводот, направен е и увид во просториите кои што ги користат корисниците во установата.

    Од страна на инспекторите е установено дека, согласно фактичката состојба на терен, сите простории се користат,  корисниците имаат пристап до истите и  слободно се движат како во институцијата, така и во дворот и притоа, се во присуство на вработени во установата.

    Констатирано е и дека просториите во кои се корисниците се уредни, чисти и со опрема во согласност со нивните потреби. Во близина на секоја просторија која што ја користат корисниците има тоалети кои се отворени и кои се на нивно располагање.

    Согласно, инспекцискиот надзор во однос на наводите изнесени од страна на вработената во установата кои се однесуваат на просториите и условите во кои што се корисниците не се  констатирани неправилности во постапувањето.

    Во прилог фотографии од фактичката состојба на ЈУ Заводот за рехабилитација на деца и младинци- Скопје, за време на инспекцискиот надзор извршен од  инспектори од Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштита на децата при Министерство за труд и социјална политика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img