More

    Модриќ веќе не е недопирлив, исфрлен од фудбалер кој сите го прекрстиле?

    spot_img

    Новиот кикс на мадридски Реал Мадрид најмногу ја развесели Барселона, која имаше пет бода предност на половина од шпанската Ла Лига.

    Мадридскиот тим не успеа да го победи Реал Сосиедад на домашен терен, натпреварот заврши без голови, но и ја продлабочи дилемата на Карло Анчелоти околу стартниот состав.

    Откако хрватскиот капитен Лука Модриќ се врати од Мундијалот, каде што ја предводеше хрватската фудбалска репрезентација до бронзениот медал, најголемиот дел од натпреварите ги започна од клупата за резерви.

    Италијанскиот селектор не сака да го избрзува, кога Модриќ е во најдобро издание, тогаш нема ни најмала дилема – Лука има загарантирано место во првиот тим, но сега ситуацијата е нешто поинаква.

    Од неговото враќање од Катар, каде одигра седум натпревари за помалку од еден месец, Лука се бори да се врати во форма. Бурниот ритам остави белег на неговото тело, сепак има 37 години, па затоа Анчелоти не сака да избрзува.

    Знае колку му е вреден Модриќ, не сака долго да го загуби, но затоа мора да има подготвена замена, а изгледа ја најде во Дани Себаљос.

    Малкумина очекуваа дека вака ќе процвета играчот чиј договор истекува на крајот од актуелната сезона. Повторно стартуваше од првата минута и одигра одличен натпревар, со што ја доведе во прашање недопирливоста на Модриќ и Крос во првите единаесет.

    Илузорно е да се очекува дека сите тројца ќе играат во првиот тим, особено кога ќе се врати Тухамена, но италијанскиот тренер секако е задоволен од повеќе опции во централниот ред, пишува Marca.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img