More

    „Многу страдав, неправда ќе беше да не одиме во Катар“

    spot_img

    Репрезентативецот на Португалија, Пепе, поради позитивниот тест за ковид, не можеше да им помогне на соиграчите во полуфиналето од баражот против Турција, но го зазеде неговото место во тимот во решавачкиот дуел со Северна Македонија.

    39-годишниот дефанзивец на Порто без грешка командуваше со одбраната на домашниот тим, а по триумфот од 2-0 истакна дека би било неправда доколку неговиот тим не обезбеди виза за Катар.

    „Последниве денови многу страдав. Сите знаете дека многу се грижам за себе, но овој пат не беше до мене. Ми беше многу тешко што не можев да и помогнам на тимот против Турција. Сепак, среќен сум што се опоравив на време и дадов свој придонес за пласманот на Португалија на Мундијалот“, изјави Пепе и продолжи:

    „Го заслуживме овој успех, имаше позитивна енергија во кампот и тоа ни донесе место во Катар. Би било неправда доколку не се пласираме на Светското првенство бидејќи имаме одличен квалитет“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img