More

    Мицкоски: Немам намера да се поздравам, а не пак да се сретнам со Бујар Османи за да ми го објаснува францускиот предлог

    spot_img

    Немам намера да се поздравам, а не пак да се сретнам со Бујар Османи за да ми го објаснува францускиот предлог, затоа што тој се заканува со меѓуетнички тензии, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ откако министерот за надворешни работи рече дека вечерашниот протест е неодговорен и дека требало Мицкоски да причека да му бидат објаснети детали од предлогот.

    Османи рече дека е подготвен да оди во партиските седишта и да го елаборира документот, но како што рече, доколу се пропушти оваа шанса, тогаш не исклучува меѓуетнички тензии и масовно земање од страна на младите, пасоши од соседството за да заминат од Македонија.

    Мицкоски на политичарите кои, како што рече, се закануваат, им порача дека не се плаши ниту македонскиот народ, ниту граѓаните се плашат од тие што се закануваат и дека само кукавица се заканува, а тој кој не е кукавица доаѓа тука пред народот и пред народот објаснува што е и како е.

    – Така да тие кукавици кои се закануваат со меѓуетнички тензии сакам да им кажам дека овој народ одамна ги надрасна криминалците во политиката, и овој народ се бори за својот идентитет и овој народ е подготвен да се избори за својот идентитет – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img