More

    Мицкоски му порача на Ахмети дека не е време за славење

    spot_img

    Тешко време е, беспарица е и не е време за славење, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање како ја коментира прославата на ДУИ по повод 20 годишното постоење.

    Мицкоски потенцираше дека ДУИ функционира како длабока држава и токму една од причините за предвремени парламентарни избори е тоа, да се порази таа длабока држава која што оваа политичка партија ја има направено од институциите.

    – Тие функционираат како длабока држава си имаат свои обвинители, свои судии и било кој да се дрзне да поднесе било каква пријава или обвинителот не ја прифаќа, или судијата ја одбива. Така што, тоа е последицата од овие 20 години, затоа бараме предвремени парламентарни избори за да може оваа длабока држава конечно да исчезне и да ја поразиме оваа длабока држава која што оваа политичка партија ја има направено од институциите – рече Мицкоски.

    Мицкоски истакна дека не е време за прослави, туку е време за засукување на ракавите и за работа бидејќи народот тешко живее, како и дека ДУИ само на зборови покажала дека е државотворна партија, но не и со дела.

    – Не е време за славење, треба да ги засукаме ракавите и да работиме затоа што народот тешко живее, а не да славиме и да кажуваме дека славиме 20 години и да вадиме комедијанти по телевизии и да кажуваат колку била ДУИ државотворна партија, со кое дело покажаа дека се државотворна партија, освен со зборови – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img