More

    Мицкоски има целосна доверба во архиепископот Стефан

    spot_img

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во врска со заедничката литургија на СПЦ и МПЦ, рече дека архиепископот Стефан ја има неговата недвосмислена поддршка за секој чекор кој што го презема, исто како и останатите владици во Синодот.

    – Ја користам оваа прилика да упатам порака до сите православни верници да се обединиме околу МПЦ-ОА. Јас сум свесен, како многу пати во минатото и вековите наназад дека ќе имаме луѓе кои ќе сакаат да направат поделба, кои ќе шират скептицизам, недоверба, свесен сум дека тие луѓе се под жестоко влијание на оние сили на кои што не им одговара македонско единство, кои не им одговара обединување околу Синодот на МПЦ. Ние мораме како народ да се обединиме овој пат, ние мораме да бидеме паметни, не смееме да дозволиме надворешни фактори да нѐ разделуваат – изјави Мицкоски.

    За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, архиепископот Стефан и владиците во Синодот знаат што е најдобро за македонскиот народ и православните верници и затоа тој повика на единство.

    – Ја користам оваа прилика и да ја поздравам и одлуката на вселенскиот патријарх, кога практично се тргна и шизмата, кога МПЦ-ОА влезе во канонско единство со што јасно се покажува нашата разлика од останатите Балкански православни народи и јасно се става до знаење дека тоа е она кое што е вистинската патека и очекувам набргу, во периодот што следи и формално да се добие томосот и конечно да се добие автокефалност – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img