More

    Мицевски вели дека Владата го понижува Собранието

    spot_img

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе присуствуваат на денешната координација свикана од претседателот на Собранието Талат Џафери со една единствена цел – за да ги повторат ставовите и барањата на нивната пратеничка група.

    – Иако испративме писмо до Талат Џафери, за кое ја известивме и јавноста, сѐ уште немаме никаков одговор за нашите барања и токму затоа денес истите барања ќе му ги соопштам лично на Џафери – изјави денеска пред средбата координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

    ВМРО-ДПМНЕ бара да се врати информацијата што ја испратила Владата како нецелосен материјал и да не се нарушува дигнитетот на Собранието со таков документ.

    – Листот хартија што Владата го нарекува Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за преговори помеѓу Македонија и ЕУ е крајно непочитување на нас пратениците. Не може со еден лист хартија да се дискутира за најважната работа во државата во наредните десетина години. Тоа е класична деградација на интегритетот и интелектот на секој пратеник. Денес повторно ќе побарам овој лист хартија со допис, да се врати во Владата и да се потенцира дека за меѓувладината конференција одлучува Владата и таа да не се крие зад пратениците барајќи некаква одлука од Собранието – рече Мицевски.

    Опозицијата бара под итно да се достави македонско-бугарскиот протокол, кој што претставува најважен документ во овој процес и кој што е клучен документ врз кој ќе се договараат правилата на игра помеѓу двете земји во наредниот период.

    – Ако пратениците од владиното мнозинство се спремни на вакво понижување ние од опозицијата не сме и затоа бараме да бидат доставени сите документи согласно собраниско- деловничката процедура. Исто така, Собранието мора да биде спремно да ги слушне и реакциите на граѓаните, експертите, невладиниот сектор и сите други засегнати страни и да организира дебата и разгледување на овој предлог. Мора да се даде време и на работните групи кои се формираа во Собранието, да ги разгледаат сите документи кои ги има Владата, но и сите можни предлози со цел овој процес да го направиме што е можно потранспарентен. Ваквото брзање може само да нѐ доведе до слепа улица од која враќање назад нема – порача Мицевски, кој додаде дека ако Џафери и парламетарното мнозинство ги заобиколат и изиграат собраниските процедури, одговорноста за ситуацијата во која ќе се најде државата ќе биде на Талат Џафери, Владата и на пратениците од парламентарното мнозинство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img