More

    Мерилин Менсон за првпат е фотографиран во јавноста, а неговиот изглед е значително променет во однос на изданијата на кои е навикната неговата публика

    spot_img

    По две години, Мерилин Менсон за првпат е фотографиран во јавноста, а неговиот изглед е значително променет во однос на изданијата на кои е навикната неговата публика.

    Папараците го препознале кога излегувал од ресторан во Лос Анџелес, а друштво му правела и сопругата Линдзи.

    Популарниот музичар во јавноста се појавуваше во својот специфичен стил, кој се карактеризира со силна шминка, ексцентрични фризури и бројни необични комбинации на облека.

    Сега, Мерилин многумина не би го препознале со оглед на тоа дека не бил нашминкан и дека видно се здебелил.

     

    Пред две години, кога се ожени со својата партнерка Линдзи по осум години врска, Менсон престана да пие алкохол и оттогаш се здебели.

    Тој не се појавуваше во јавноста изминатата година поради низа обвинувања за сексуална злоупотреба со кои се соочи во текот на минатата година.

    Поранешната девојка на Менсон, американската актерка Еван Рејчел Вуд, поднесе тужба против пејачот. Таа изнесе тврдења дека Менсон ја присилувал на секс додека снимал едно од неговите музички спотови, а потоа се појавиле бројни сведоштва и детали за разни гадости кои пејачот наводно им ги правел на своите жртви.

    Во февруари 2021 година, Вуд првпат изнесе обвинувања против Менсон, со која ја започна својата врска во 2006 година, кога таа имаше 18, а тој 37. Двојката беше во врска четири години во тоа време, а Вуд се појави години подоцна со обвинувања за сексуална и емоционална злоупотреба, иако дури минатата година таа го именуваше Менсон како нејзин наводен насилник.

    По нејзините тврдења, повеќе од 15 жени го обвинија музичарот за сексуално и физичко малтретирање.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img