More

    Мека ќе ја посетат милион луѓе

    spot_img

    Саудиска Арабија оваа година ќе дозволи до милион луѓе да се приклучат на аџилак во Мека, по две години строги ограничувања поради ковид-19, објавија саудиските државни медиуми.

    За аџиите во Мека оваа година важи правилото дека мора да бидат помлади од 65 години и целосно вакцинирани против коронавирусот, соопштија властите во Ријад.

    На верниците од странство ќе им биде дозволено да дојдат на аџилак, но мора да приложат неодамнешен негативен ПЦР тест на ковид-19 и да се почитуваат сите епидемиолошки мерки, се вели во соопштението.

    Минатата година, Саудиска Арабија го ограничи аџилакот во Мека, еден од петте главни столбови на исламот, на 60.000 домашни учесници, во споредба со 2,5 милиони пред пандемијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img