More

    Маск ја уверил Европската комисија дека Твитер ќе продолжи да се придржува до строгите европски правила за контрола на нелегалната онлајн содржина

    spot_img

    Милијардерот Илон Маск ја уверил Европската комисија дека Твитер ќе продолжи да се придржува до строгите европски правила за контрола на нелегалната онлајн содржина.

    Ова го изјавија извори од ЕК за светските агенции откако минатата недела тој стана сопственик на социјалната мрежа.
    Маск пред еврокомесарот Тиери Бретон, кој е одговорен за внатрешниот пазар, изјавил дека планира да се усогласи со законодавството на блокот во врска со незаконска содржина. Тој се согласил во наредните недели да одржи и состанок со Бретон, кој е поранешен француски министер за финансии.

    Разговорот се одржа откако Бретон во петокот посочи дека социјалната мрежа мора да се усогласи со правото на Унијата.

    „Во Европа, птицата (споредба со симболот на социјалната мрежа) ќе лета според нашите правила”, напиша Бретон во петокот на Твитер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img