More

    Маричиќ- Лахдевирта: Проширувањето е просперитетна политика не само за земјите кандидати за членство, туку и за Европската Унија

    spot_img

    Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денес имаше прва протоколарна средба со финскиот амбасадор за Северна Македонија со седиште во Белград, Н.Е. Кимо Лахдевирта.На средбата беше потврдена финската поддршка за напредок во европската интеграција и очекување дека спроведените реформи и пријателската соработка со соседите во затворање на прашањата ќе бидат потврдени и од страна на ЕУ до отпочнување на преговорите за членство. Вицепремиерот Маричиќ се заблагодари на Финска за нејзината доследна поддршка за политиката за проширување на ЕУ, како просперитетна политика не само за земјите кандидати за членство, туку и за Европската Унија, која несомнено ќе ја загарантира стабилноста на целиот регион на Западен Балкан.

     Вицепремиерот Маричиќ и амбасадорот Лахдевирта посочија дека билатералната соработка  меѓу двете земји е на високо ниво, иако има можности и за проширување и тоа во области кои се значајни пред сè за подобрување на квалитетот на животот за граѓаните и се во насока на европеизација на земјата. Искуството на Финска во клучните области, меѓу кои економскиот развој и образованието, но и други области значајни понатаму во текот на преговорите со ЕУ има можност да се споделат и на експертско ниво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img