More

    Македонија ќе остане без гас

    spot_img

    Според податоците кои ги објави „European Union Agency for the Cooperation of Energy Regulators“, Македонија, Финска и Бугарија се меѓу најзависните земји на Стариот континент од рускиот гас, пренесува Статиста.

    Како што може да се погледне на инфографиконот, во Македонија се користи 100% руски гас, додека во Финска овој процент изнесува 94%. Рускиот гас покрива и 77 отсто од потребите на Бугарија, додека на четвртото место се наоѓа Словачка со 70 проценти од вкупниот гас кој го користи оваа земја.

    фото: Statista.com

    Поради противењето на западните сили околу Украина и можноста Русија да го „затвори вентилот“, во моментов, САД и ЕУ работат на стратегија за замена на испораките на природен гас за Европа.

    Според последните достапни податоци за големите европски економии, Германија увезува околу половина од својот гас од Русија, додека Франција добива само четвртина од своите испораки од земјата.

    Најголем извор на Французите е Норвешка, која испорачува 35% од него. Италија исто така ќе биде меѓу најпогодените земји со 46% зависност од рускиот гас.

    Обединетото Кралство е во поинаква ситуација, бидејќи половина од снабдувањето со гас го црпи од домашни извори и увезува главно од Норвешка, а исто така и од Катар. Шпанија исто така не е на руската листа на главни клиенти, со Алжир и САД како најголеми трговски партнери на земјата.

    Така, доколку се воведат нови санкции на рускиот претседател Владимир Путин лично или на неговата земја, тоа би можело да предизвика енергетска криза на континентот поради зависноста на голем дел од Европа од рускиот гас што доаѓа на континентот преку гасоводи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img