More

    Македонија објави црна листа на лица кои војувале во Сирија

    spot_img

    Владата објави листа со 15 македонски државјани коишто учествувале во паравоени формации во Сирија и во Исламска држава. За нив се предвидени финансиски мерки и замрзнување на имот и средства.

    Станува збор за листа која што е подготвувана подолго време на барање на Обвинителството и на Управата за финансиско разузнување и е законска обврска на државата, како една од мерките за борба против тероризам.

    Имињата на 15 македонски државјани кон кои се воведени финансиски санкции се објавени во Службен весник. Станува збор за лица по потекло од Скопје, Гостивар, Куманово и од Струга за кои се воведуваат рестриктивни финансиски мерки на неопределено време.

    Тие заминале од Северна Македонија во 2014 и 2015 како припадници на ИСИС да се борат во Сирија. Дел од нив биле кривично гонети затоа што обезбедувале пари за лица кои заминуваат или се присутни во Сирија или пак, поттикнувале други луѓе со своите семејства да заминат за Сирија.

    Покрај учество во паравоени формации, на социјалните мрежи објавувале и документарен филм „Честа е во џихадот, порака до Балканците“, со што поттикнувале други луѓе да им се приклучат. на бојните полиња.

    Ваквата мерка следи откако Владата на 13 септември ја усвои Одлука за воведување на финансиски мерки против тероризам и распространување на оружје за масовно уништување и нивно финансирање кон 15 македонски државјани за кои постојат сомневања дека биле вклучени во тероризам и негово финансирање, преку учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски единици. Одлука е со потпис на вицепремиерот Артан Груби.

    Согласно член 2 од одлуката, рестриктивните мерки се однесуваат на забрана за користење, пренос, конверзија, трансфер или друг вид на располагање со имот, забрана на ставање на располагање на каков било имот, како и забрана за воспоставување или продолжување на деловен однос. Па така, субјектите коишто задолжително применуваат рестриктивни мерки согласно Законот за рестриктивни мерки, како и Катастарот на недвижности се должни да замрзнат каков било имот и средства со кој што располагаат 15-мината.

    Се проценува дека од земјава досега на странските боишта заминале над 156 лица, а се вратиле 83. На дел од нив им се изречени затворски казни. Најголемиот дел од овие луѓе се мажи не постари од 30-тина години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img